
Традиционално, претсезоната на НФЛ, секоја година ја отвара популарниот ,,Хол оф фејм” натпревар, кој се игра на ,,Том Бенсон Хол оф фејм Стадиум” во Кантон, Охајо.
Синоќа, на овој меч, Питсбург Стилерс ги поразија Далас Каубојс со резултат од 16-3.
Во првото полувреме, Далас водеше со 0-3, откако шутерот Хантер Нисвандер погоди еден од вкупните три шутеви за филд-гол.
Вториот дел помина целосно во знакот на Стилерс, кои постигнаа 16, а не примија ниту еден поен.
По еден тачдаун за победничкиот состав забележаа Кејлен Балеџ и Тајлер Симонс, а Самуел Сломан придодаде уште четири поени со шутирање.
Од квотербековите, статистички најдобар беше Џошуа Добс (Питсбург) со 4/6 прецизни додавања, со 37 освоени јарди и со еден уфрлен тачдаун.
Во соработка со НФЛ Македонија



