
Откако Тексас Ренџерс го добија воведниот дуел од меѓусебната серија со 4-1, ЛА Анџелс се консолидираа и славеа на наредните три пресметки со поен-разлика од 18-4.
Синоќа, на четвртиот дуел во низа, претставниците на Лос Анџелес триумфираа со резултат од 5-0.
Гостите од Калифорнија постигнаа три поени во третиот и два во шестиот ининг за да дојдат до конечниот триумф.
Единствен играч што постигна хоум-ран беше Адам Итон, а по четири бази освоија Џек Мејфилд, Дејвид Флечер, Џо Адел и Брендон Марш.
Од фрлачите на победничкиот состав, солиден беше Дилан Банди, кој за 6.1 ининзи допушти три бази и освои шест страјк-аути.
Во Американската лига, Анџелс (55-54) го заземаат осмото место, додека Ренџерс (39-70) се наоѓаат на претпоследната четиринаесетта позиција.



