
Седумкратниот МотоГП шампион и една од главните икони на овој спорт, Валентино Роси, денес, на официјална прес-конференција, го најави своето пензионирање.
Роси е роден во Урбино на 16 февруари 1979, а со мотоциклизмот почнал да се бави уште од најрана возраст.
Веќе како 17-годишник ја освои првата титула во категоријата до 125 кубици, а од 2000 се натпреварува во ,,кралската” класа.
,,Одлучив да се пензионирам на крајот на сезоната. Тоа е многу тешко и истовремено многу тажно. Ја работев оваа работа над триесет години, но од наредната година, мојот живот ќе се смени. Беше величествено, се забавував премногу.”
Популарниот ,,Доктор” вози за тимот на ,,Петронас Јамаха” и во тековната сезона го зазема деветнаесеттото место со седумнаесет освоени бодови.



