
Војчиех Новицки ја надмина бронзата од Рио 2016 со тоа што стана нов олимписки првак во фрлање кладиво во машка конкуренција.
Полјакот беше најкостантен од сите финалисти, со сите фрлања над 81 метар и со нов личен рекорд од 82,52 што му донесе злато.
На второто место, со нов национален рекорд, се пласираше Норвежанецот Еивинд Хенриксен (81,58).
Проклетството од претходните две Олимписки игри го прекина и вториот Полјак-медалист, Павел Фајдек (81,53), кој беше најголем фаворит за титулата.
На четвртата позиција заврши дебитантот на ЛОИ, Михајло Кохан (80,39), а светскиот вицешампион, Квентан Биго (79,39) беше петти.



