
Мега-ѕвездата Шакира и искусниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, се заедно веќе една деценија.
Нивната врска е синоним за вистинска љубов и покрај тоа што Шакира е десет години постара од Пике.
Заедно, двајцата партнери имаат и два сина по име Милан и Саша.
Во врска со нивниот брак, односно за зачетоците на нивното дружење, шпанскиот репрезентативец се отвори кон јавноста:
,,Првиот пат кога ја сретнав Шакира беше во Мадрид за време на снимањето на видео-записот за нејзината песна ,,Вака вака” за СП 2010. Тогаш ѝ побарав број. Таа стигна во ЈАР пред нас (пред шпанската репрезентација) бидејќи требаше да пее на церемонијата на отварањето.
Тогаш ѝ пишав порака за да ја прашам какво е времето затоа што ние требаше да пристигнеме неколку дена подоцна. Вообичаено, кога ќе прашаш толку глупаво прашање, ќе добиеш одговор од типот на ,,Студено е, земи си палто.”, но таа напиша огромен реферат со детали за сите промени на температурата во текот на денот. Во себе си кажав: ,,Господе, ова не е нормално.”
Деталите покажуваа дека ѝ се допаѓам. Почнавме да се допишуваме додека траеше Светското првенство, но единствената шанса за да ја видам беше да стигнеме до финалето, бидејќи таа требаше да пее и на затворањето. Тогаш ѝ кажав дека ако треба да стигнам до финалето само за да ја видам – ќе го направам тоа.”



