Екипата на Еурофарм Пелистер во Маврово се подготвува за натпреварите во новата сезона. Дел од играчите ги споделија своите очекувања за новата сезона.
Ненад Костески: Има разлика од претходните сезони, бидејќи сезонава почнува порано со официјалните натпревари. Започнуваме против Вардар во Суперкупот на Македонија и немаме многу време за да се спремиме, па го забрзуваме процесот. Подготовките траат и сè е во ред со сите ракометари. Сезонава составот не претрпе големи промени, 70% останавме старите играчи. Имаме новајлии, се вклопуваат во системот и мислам дека со официјалните подготовки добро ќе ја започнеме новата сезона.Ќе се зголеми бројот на натпревари сезонава. Ќе има доста натпревари за секого. Ќе се ротира и ќе биде тешка сезона, со многу натпревари. Верувам дека работите ќе течат како што треба.



