Екипата на Еурофарм Пелистер во Маврово се подготвува за натпреварите во новата сезона. Дел од играчите ги споделија своите очекувања за новата сезона.
Јосип Периќ: Доста се засиливме, доведовме неколку квалитетни ракометари и наголемо тактички се подготвуваме за тоа што ни следи. Засега сè оди по планот, сите момци се здрави, немаме проблеми со повреди, се воигруваме, посебно со новите играчи, и едвај чекаме да почнат официјалните натпревари.Најголема наша снага треба да биде тоа што костурот остана ист. Втора година сме заедно, добро се познаваме и воиграни сме. Ако новајлиите се вклопат мислам дека не очекува подобра сезона од претходната. Искрено, доста трениравме и во паузата, добивме посебни програми, па не треба премногу физички да работиме тука. Ни следи ракомет и тактика. Нè радува тоа што веднаш почнуваат натпреварите и не треба да чекаме долго како минатата сезона. Се радувам и што ќе има голем број натпревари оваа година.