
Македонскиот претставник на ЛОИ 2020, Јован Стојоски, денес дебитираше на тартанот во третата група од првата рунда на трката на 400 метри.
Ждрепката беше немилосрдна кон Стојоски, кој се падна во квалитетна група, во која членуваше и светскиот рекордер во оваа дисциплина – Вејд Ван Никерк.
Сепак, Ван Никерк помина еден круг за 45,25 секунди што е за над две секунди побавно од неговото најдобро време.
Овој тајминг му го донесе третото место на Јужноафриканецот, кој избори квалификација во следната рунда, заедно со двајцата првопласирани – Стивен Соломон (44,94) и Ентони Хозе Замбрано (44,87).
Стојоски го зазеде последното шесто место во оваа група, но задоволство ќе му носи новиот личен рекорд од 46,81 секунди.



