
За првпат после сезоната 1992/93, екипата на Феникс Санс успеа да се пласира во финалето на НБА.
Имено, во полуфиналето, претставниците на Аризона ги поразија ЛА Клиперс со вкупни 4-2.
Шестиот меч беше одигран синоќа во Лос Анџелес и на него Санс триумфираа со убедливи 103-130.
Во првиот дел, резултатот беше во голема мера изедначен, но во второто полувреме, Санс ги покажаа своите способности.
Крис Пол (Феникс), со 41 кош, беше убедливо најефикасен на паркетот, а од неговите соиграчи, дабл-дабл запиша Деандре Ејтон (16 кошеви и 17 скокови).
Кај Клиперс, поентерски најистакнат беше Маркус Морис со 26, а по него следуваше Пол Џорџ со 21 поен.
Во големото финале, Санс ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Милвоки Бакс и Атланта Хокс.



