Бутел Скопје продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона во која ќе има големи абмиции. Еден од староседелците во клубот, Кристијан Василевски го продолжи договорот и ќе остане во тимот предводен од Кристијан Грчевски и во следните две сезони.
Кружниот напаѓач ќе ја игра петтата сезона во Бутел Скопје, кој претходно ги продолжи договорите со Младеновски, Стојановски, Мајиќ, Ѓоргиевски, Блажески и Јевтиќ. Бутел ангажираше и четири засилувања во пресрет на новата сезона – голманот Чаневски, како и бековите Пулјзовиќ, Тот и Давитковски