
По двете врзани победи, Синсинати Редс синоќа беа поразени од Атланта Брејвс со 2-3.
На мечот, двете екипи постигнаа по еден поен во два, односно во три ининзи едноподруго.
За Брејвс, по еден хоум-ран забележаа Дансби Свансон и Гуиљермо Хередија, а со трчање поентираше Роналд Акуња.
Од домашниот состав, топката на трибините ја однесе Еугенио Суарез, додека четири бази освои Џонатан Индија.
Во Националната лига, Синсинати (37-37) го држи седмото, а Атланта (36-39) – деветтото место.



