
Њујорк Метс и Атланта Брејвс синоќа одиграа две меѓусебни партии со по седум периоди.
Во првата, Метс триумфираа со 4-2, постигнувајќи еден поен во првиот и три во петтиот ининг.
По четири бази за претставниците на Њујорк освоија Џонатан Виљар (х2), Томас Нидо и Џеф МекНил.
На спротивната страна, хоум-ран за Атланта постигна Ози Албис, додека на базите беше Фреди Фримен.
Во вториот меч, Атланта го возврати ударот, триумфирајќи со 0-1.
Овој пат, во петтиот ининг, хоум-ран забележа Роналд Акуња.
После двете средби, Метс (37-30) останаа на четвртата, а Брејвс (34-37) на десеттата позиција во Националната лига.



