
Германскиот Захсенринг беше домаќин на осмата овосезонска трка во Мото 3 и во Мото 2 категоријата.
Кај пониската класа, до четвртата победа на вкупно осумте трки во кариерата дојде првопласираниот во генералниот пласман – Педро Акоста.
На второто место, по третпат на подиумот, застана Каито Тоба, а после трката третопласиран беше Хауме Масија, кој поради напуштање на патеката во претпоследниот круг, му го предаде најниското место на пиедесталот на Денис Фоџа.
Пласманот во топ 5 го комплетираше Андреа Мињо, а под една секунда заостануваа Николо Антонели, Серхио Гарсија, Татсуки Сузуки и Чавиер Артигас.
Од друга страна, во Мото 2, Реми Гарднер стана првиот Австралиец, кој победил на три последователни трки.
Возачот на ,,Ред Бул КТМ Ајо” беше убедлив во однос на конкурентите, од кои, на пиедесталот завршија Арон Канет (+6,158) и Марко Беѕеки (+7,030).



