
Серијата од седум победи на Оукленд Атлетикс беше завршена синоќа, со поразот од 7-5 од страна на Њујорк Јенкис.
По првите шест и пол ининзи, Атлетикс имаа предност од 4-2, но противниците, во седмиот и во осмиот период, постигнаа вкупно пет поени.
По еден хоум-ран за Оукленд постигнаа Тони Кемп и Мет Чапман, а со трчање поентираа Елвис Андрус и Марк Кања (х2).
На спротивната страна, хоум-ран забележаа Гери Санчез и Џио Уршела, а по четири бази освоија Арон Џаџ (х2), Клинт Фрејзер (х2) и Тајлер Вејд.
Непосредно по натпреварот, Оукленд (44-28) им го препушти првото место во Американската лига на Чикаго Вајт Сокс, додека Јенкис (37-33) останаа на седмата позиција.



