
Најдобриот, според неколку параметри, НБА натпревар во последните години синоќа го одиграа Бруклин Нетс и Милвоки Бакс.
Станува збор за седмиот дуел, односно за ,,мајсторката” од четврт-финалната фаза, која го одреди патникот во полуфиналето.
Имено, Бакс успеаја да триумфираат после продолжение со 111-115 и да се пласираат во конференциското финале по вторпат во последните три сезони.
На мечот, резултатот беше во потполност изедначен со неколку мини-серии и на двете страни.
Пред самиот истек на четвртата четвртина, Кевин Дурент погоди од далечина, но за неговиот шут му беа доделени само два поени поради тоа што ја згазна линијата од 7,24 метри и наместо шут за победа, се испостави дека погоди шут за продолжение.
Во дополнителниот период беа постигнати само осум поени (6-2 во корист на Бакс), а Дурент имаше иста ситуација како претходно, но овој пат биеше непрецизно.
Сепак, Американецот беше најефикасен кошаркар на паркетот со 48 поени, а од неговите соиграчи, уште 22 додаде Џејмс Харден.
На спротивната страна, Јанис Антетокумбо (40 поени и 13 скокови) и Крис Мидлтон (23 поени и 10 скокови) беа најзаслужни за триумфот на Бакс.
Во конференциското финале, претставниците на Висконсин ќе се соочат со победникот од дуелот помеѓу Филаделфија 76ерс и Атланта Хокс.



