Градот Кавадарци, по третпат во последните четири години, беше огранизатор на популарната трка ,,Кавадаречки полумаратон”. Низ улиците на градот во Тиквешијата, синоќа трчаа над 350 тркачи на трки на 5, на 10 и на 21 километар.
На најкратката дистанца, до триумф дојде новинарот на ,,Јави се јужна”, Атанас Епов, кој воедно го освои и првиот трофеј во машка конкуренција за својот клуб, АК 7 Ноември од Гевгелија. Епов ја истрча трасата од 5,3 километри за време од 18:34 минути (03:29 мин/км), оставајќи ги зад себе Мики Попоски (18:44) и Григоријан Никовски (18:54).
Синоќа, ,,Јави се јужна” имаше уште еден претставник на полумаратон. Станува збор за Марјан Туртуров, кој постави време од 1:48:16 и го освои 19. место, носејќи го дресот на струшката атлетска група – ,,Поетри ран”. На оваа трка, до победата дојде Игор Јакимовски (1:21:05) пред Атанас Наумов (1:23:32) и пред Игор Стојановски (1:25:22).
На десет километри, кај мажите најбрзи беа Трајче Илијевски (38:52), Јован Костовски (39:46) и Стојче Петровски (39:58). Во женска конкуренција, на пет километри триумфираше Николина Милевска Вељановска (23:28), а до второто место дојде стружанката Ана Шикоска (24:27). На десет киломтери, најбрза беше Марина Домазетовска (49:01), а Маја Рајчина (1:40:45) го помина полумаратонот за најкратко време.



