Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами на Европското првенство (ЕП) – трета дивизија во Лимасол во Кипар, патеката на 400 метри со пречки ја истрча за 57,53 секунди со што постави нов македонски рекорд.
Со овој резултат таа го собори за повеќе од една секунда нејзиното досегашно најдобро остварување (58.66) и тоа остварено пред само дваесетина дена на Државното првенство за младинци во атлетика кое се одржа во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.



