
По воведниот пораз, Тампа Беј Лајтнинг поврзаа две победи и поведоа со вкупни 2-1 во полуфиналето против Њујорк Ајландерс.
Синоќа беше одигран нивниот трет меѓусебен дуел, кој заврши со 1-2 во корист на Тампа Беј.
После десет минути игра, Јани Гурд го совлада Семјон Варламов и му донесе почетно водство на победничкиот состав.
На три минути пред крајот на втората третина, Кал Клатербак им донесе израмнување на Ајландерс, а само две и пол минути подоцна, Брејден Поинт го постави конечниот резултат.
Четвртиот меч од оваа серија е закажан за вечерта помеѓу 19 и 20 јуни со почеток од 02.00 часот после полноќ.



