
Во овосезонското финале на НХЛ, кое претставува реприза на она од минатата година, се соочуваат актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг и Њујорк Ајландерс.
Синоќа беше одигран нивниот прв дуел, а со водство од вкупни 1-0 се закитија Ајландерс, кои славеа со 1-2.
Двата гола за гостинскиот состав беа постигнати во средината на втората и во почетокот на третата третина.
Голгетери за победничкиот состав беа Метју Барзал и Рајан Палок, кои погодија по четврти пат во тековниот плејоф.
Во последната минута, Брејден Поинт успеа да го преполови заостатокот на Тампа, а воедно и да го постави конечниот резултат.
Освен стрелците, огромна важност за тимот од Њујорк имаше и голманот Семјон Варламов, кој одбрани 30/31 противнички удари (96,77%).



