
ЛА Клиперс го преполовија својот вкупен заостаток на 2-1, откако во третиот четврт-финален дуел славеа со 132-106 над Јута Џез.
На мечот, домаќините од Лос Анџелес ја држеа предноста во свои раце во текот на сите четири четвртини.
Најзаслужни за триумфот беа Каваи Ленард со дабл-дабл од 34 поени и од 12 скокови, како и Пол Џорџ, кој уфрли 31 кош.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Руди Гобер (12 кошеви и 10 скокови), а најефикасен беше Донован Митчел (30 поени).



