Железните ситни пари баба ми ги дари
и ми рече оди синко дарувај ги
на секој еден што страда за леб
Господ ќе ти даде повеќе.
Момците од Балкан бенд имаат нова песна а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“. Се работи за нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив. Авторите на песната се Горан Јовановски – Топче кој го напишал текстот и ја компонирал музиката и Дејан Момироски кој бил задолжен за аранжманот. Додека прекрасното филмско видео е дело на најбараниот режисер охриѓанецот Даниел Јовески.



