Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ потпиша за ЧСМ Слатина. Левиот бек на нашата репрезентација минатата сезона ја мина во романска Глорија Бузау, но сега се одлучи да го промени клубот но не и земјата.
Во кариерата Ливриниќ од нашиот Металург во 2016 година се пресели во Романија каде настапува во ден денес. Ова е четврти клуб на Елена во романскиот шампионат каде покрај Глорија Бузау има настапувано за Рапид Букурешт и Галаци.



