
Екипата на Монтреал Канадиенс е првиот овосезонски полуфиналист на НХЛ, откако во четврт-финалето ги елиминираше Винипег Џетс со 4-0.
За најтрофејниот клуб во целата лига, ова е прв пласман во полуфиналето после сезоната 2013/14.
Во четвртиот меч против Винипег, Монтреал славеше со резултат од 3-2, стекнат после продолжение.
Во првата третина, домаќините дојдоа до предност од 2-0, откако прецизно стрелаа Ерик Густафсон и Артури Лехконен.
Во вториот период, Џетс успеаја да го израмнат резултатот со двата голови на Логан Стенли.
Продолжението на дуелот траеше само минута и пол бидејќи со ,,златен” гол, Канадиенс во полуфиналето ги однесе Тајлер Тофоли.



