Во СЕХА лигата ракометарите на Вардар славеа рутински против Металопластика со 31:39 играјќи само формално како гостин во СЦ “Јане Сандански” во Скопје. Прв стрелец кај Вардар беше Ловро Јотиќ со 10 гола, додека Дибиров даде 7 погодоци. Во редовите на Металопластика Иваниќ постигна 9 погодоци.



