
Во првиот меч од четвртото коло на групата А од првата дивизија на Националната харлинг лига се соочија Лимерик и Корк.
Во пресрет на натпреварот, Корк го држеше првото место во групата без пораз во првите три кола, додека Лимерик беше петти со само еден поен.
Сепак, ,,Зелените” успеаја да триумфираат за првпат сезонава и да им го нанесат првиот овосезонски пораз на Корк, откако ги надиграа со (0-33) 33-25 (2-19).
Во текот на цел дуел, Лимерик ја имаше предноста на својата страна и на полувреме замина со убедливи (0-20) 20-10 (1-7).
Најефикасниот играч на мечот, Арон Џилејн (0-10), доаѓаше од победничкиот состав, а од неговите соиграчи по четири поени постигнаа Том Мориси и Сијан Линч.
На спротивната страна, поентерски најрасположен беше Патрик Хорган (0-9), а стрелец на двата погодоци беше Џек О’Конор (2-1).
Ситуацијата на табелата остана непроменета и покрај победата на Лимерик. Сепак, Корк има шанси да го загуби водството бидејќи останатите конкуренти имаат натпревар помалку.



