
По двете врзани победи, Вашингтон Нешоналс запишаа пораз од Атланта Брејвс со резултат од 5-1.
Домаќините од Џорџија ,,распалија” во шестиот ининг, постигнувајќи четири поени, а во наредните три периоди постигнаа еден и примија еден поен.
За Вашингтон, единствениот поентер беше Џорди Мерсер по ударот на Алекс Авила.
На спротивната страна, хоум-ран постигна Дансби Свансон, а по четири бази освоија Роналд Акуња (х2), Ози Албис и Остин Рајли.
Во Националната лига, Атланта (26-28) го зазема осмото место, додека Вашингтон (23-30) се наоѓа на дванаесеттата позиција.



