
Единствениот синоќешен натпревар од НХЛ го одиграа Каролина Хурикејнс и Тампа Беј Лајтнинг.
Двете екипи се соочуваат во меѓусебната четврт-финална серија, во која, Тампа Беј води со вкупни 2-0.
Синоќа, актуелните шампиони славеа над Хурикејнс со резултат од 1-2.
Лајтнинг постигнаа по еден гол во втората и во третата третина преку Александер Килорн и Ентони Сирели за предност од 0-2.
На минута и пол до крајот, конечниот резултат, со почесен погодок, го постави Андреј Свечников.
Победничкиот состав имаше само 15 шутеви кон противничкиот гол, но се покажа како исклучително ефикасен со 13,33% успешност.
Од друга страна, нивниот чувар, Андреј Василевски, беше одличен со 31/32 одбранети шутеви што соодветствува на 96,88%.



