
Актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, дојдоа на чекор до елиминација, откако во осмина-финалната серија губат со 3-2 од Феникс Санс.
Синоќа, Санс дојдоа до првата ,,меч-топка” со убедливиот триумф од 115-85.
На мечот, Лејкерс водеа само до 7-10, а во продолжение, домаќините имаа константна двоцифрена предност, која се искачи и до +37.
Поентерски најрасположен со 30 кошеви беше Девин Букер (Феникс), а од неговите соиграчи, Тејлен Хортон-Такер запиша дабл-дабл од 11 поени и од 11 скокови.
Кај Лејкерс, во отсуство на Ентони Дејвис, најефикасен беше ЛеБрон Џејмс со 24 поени.



