
За првпат после средината на април, Њујорк Јенкис поврзаа три порази, откако синоќа загубија со 6-2 од Детроит Тигерс.
На мечот, Тигерс стекнаа капитална предност од 6-0 после само три ининзи, дозволувајќи им два поени на противниците само во осмиот период.
За Детроит, по четири бази освоија Нико Гудрам, Мигел Кабрера, Џонатан Шуп, Ерик Хаасе, Виктор Рејес и Зек Шорт.
На спротивната страна, со трчање по еден поен за Јенкис освоија Ди Џеј ЛеМехју и Арон Џаџ.
Од составот на ,,Тигрите”, одлична партија пружи фрлачот Тарик Скубал со осум страјк-аути за шест ининзи.
На табелата на Американската лига, Јенкис (29-24) ја држат петтата позиција, додека Детроит (22-31) го зазема дванаесеттото место.



