
Екипата на Анадолу Ефес ја освои кошаркарската Евролига со победата од 86-81 над Барселона во големото финале.
Наградата за најдобар кошаркар на мечот ја доби Србинот Василије Мициќ, кој постигна 25 поени.
На славјето на титулата, српскиот интернационалец истакна дека за мотивација користел српски песни, а во продолжение го отпеа славниот рефрен на Силвана Арменулиќ – ,,Ночас ми срце пати”.



