Радовиш предводен од Андон Бошковски на гостувањето кај директниот конкурент за опстанок Голден Арт КЛ 7 славеше со 23-24. Прв стрелец во редовите на Радовиш беше Стојановски со 8 гола, додека кај КЛ 7 Ѓоргиев постига 6 гола.
Екипата на Прилеп на гостувањето кај Младост Богданци славеше со 33-37. Грузијците Рустамов со 10 и Чантурија со 8 беа најдобри кај победникот.
Тиквеш славеше победа против екипата на Работнички со 25-18 и обезбеди опстанок и наредната сезона во Суперлигата.



