Македонската музичка рок – група Ареа на социјалните мрежи ги изненади своите верни фанови со нова песна и спот „Отсекогаш“. Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот.
За новата песна е снимен и прекрасен видеоспот на неколку локации. Повеќето од нив се на Маврово, во црквата Св. Никола Летен. Во видеото се појавуваат Марија Стојаноска и Илија Трале Левески. Режисер на спотот е Даниел Јовески.Песната е најава за шестиот студиски албум на Ареа.



