
По ,,чистката” против Питсбург Пиратес, Чикаго Кабс триумфално започнаа уште една серија.
Имено, ,,Младенчињата” синоќа славеа со минимални 0-1 на првиот од трите натпревари против Синсинати Редс.
Единствен поентер на пресметката беше Дејвид Боти, кој забележа хоум-ран во петтиот ининг.
Солиден меч од фрлачите на победничкиот состав одигра Адберт Алзолај, кој освои шест страјк-аути за 5.2 ининзи.
Непосредно по натпреварот, Кабс (28-22) се наоѓаа на четвртото, а Редс (22-27) на дванаесеттото место во Националната лига.



