
НК Каубојс дојдоа до шестата победа сезонава, откако во дванаесеттото коло ги совладаа Нов Зеланд Вориорс со 29-28.
После првото полувреме, Каубојс имаа навидум убедлива предност од 22-6, но со серијата од 0-22 во првите триесет минути од вториот дел, Вориорс ја презедоа контролата.
Сепак, во последните четири минути, домаќините постигнаа седум поени за да дојдат до конечниот триумф.
Од победничкиот состав, најдобар беше Валентин Холмс со 4/5 конверзии и со победоносен дроп-гол во последната минута.
Освен него, есеи запишаа Кајл Фелдт (13′), Мареј Таулаги (26′), Џејк Клифорд (36′), Скот Дринквотер (38′) и Хамисо Табуаи-Фидоу (75′).
Од друга страна, поентери со полагање за Вориорс беа Уан Ејткен (2′, 43′), Рис Волш (47′), Марсело Монтоја (59′) и Бен Мурдох-Масила (65′), а Коди Никорима погоди 4/5 конверзии.
На табелата, Каубојс го заземаат седмото, а Вориорс – десеттото место.



