
Каролина Хурикејнс изборија пласман во четврт-финалето на НХЛ, откако ги елиминираа Нешвил Предаторс со вкупни 4-2.
Синоќа, двете екипи по четврти пат во низа одиграа продолжение, а Каролина накрај триумфираше со 3-4.
После првиот период, резултатот гласеше 1-1, откако за Нешвил стрелаше Ник Казинс, а за Каролина погоди Брок МекЏин.
Во вториот дел, Микаел Гранлунд и Рајан Јохансен зголемија на 3-1 во корист на Нешвил, а заостатокот на гостите го преполови Себастијан Ахо.
Даги Хамилтон беше играчот, кој со својот гол во третата третина избори продолжение, додека гореспоменатиот Ахо погоди после само една дополнителна минута и ја однесе Каролина во наредната фаза.
Во четврт-финалната рунда, Хурикејнс ќе ги одмерат силите со актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, кои ги елиминираа Флорида Пантерс со 4-2.



