Мелсунген беше подобар од Лудвигсхафен со 25:23 во меч од Бундеслигата. Мартин Томовски бранеше одлично и на овој меч и забележа 10 одбрани.
Екипата на Штутгарт загуби од Кобург 28-26.Жарко Пешевски беше одличен и постигна 5 голови за својот тим.
Хановер успеа да слави на натпреварот против Нордхорн со 22:20. Филип Кузмановски на овој натпревар беше стрелец на 2 погодоци за Хановер.
Вецлар славеше убедливо против Ерланген со 36:28. Филип Миркуловски натпреварот го заврши со 3 гола.



