
Серијата од осмина-финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Атланта Хокс во моментот е изедначена со по една победа и на двете страни.
Имено, Атланта го доби првиот дуел со 105-107, а синоќа Никс триумфираа со 101-92.
Во првите две и пол четвртини, Хокс имаа константна предност, која достигна и до +15 во еден наврат.
Сепак, Никс го добија второто полувреме со 57-35 и на тој начин ја израмнија серијата.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Тре Јанг (Атланта) со 30 поени, а од неговите соиграчи, по 18 кошеви забележија Богдан Богдановиќ и Де’Андре Хантер.
Кај Њујорк, Дерик Роус имаше 26 поени, а дабл-дабл забележа Џулиус Рендл со 15 поени и со 12 скокови.



