
Актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, дојдоа на само чекор до четврт-финалето, откако во осмина-финалната серија поведоа со 3-1 против Флорида Пантерс.
Имено, синоќа, Лајтнинг ги победија ривалите од истата сојузна држава со резултат од 6-2.
Пантерс беа поубедлив, но помалку ефикасен состав, кој постигна само два гола преку Џонатан Хубердо и преку Картер Верхеге, за намалување на 2-1, односно на 5-2.
Од друга страна, головите за Тампа Беј беа дело на пет различни хокеари: Ентони Сирели, Јани Гурд, Ондреј Палат, Александер Килорн и Никита Кучеров.
Петтиот меѓусебен дуел, кој можеби ќе биде и последен за Флорида сезонава, е закажан за вечерта помеѓу 24 и 25 мај со почеток од 2.00 часот после полноќ.



