
Освен доминацијата на Ренџерс во шкотскиот Премиершип, шкотскиот фудбал го одбележа и првата двојна круна на Ст. Џонстон во својата 137-годишна историја.
Имено, ,,Светците” пред три месеци го освоија Лига Купот, а денес станаа шампиони и на Шкотскиот Куп.
Во финалето, Ст. Џонстон дојдоа до втората титула во ова натпреварување, односно прва после 2013/14, откако го совладаа Хиберниан со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Шон Руни (32′), кој погоди со глава по центаршутот на Дејвид Вотерспун.
Во 75. минута, победниците имаа шанса да ја обезбедат титулата, но голманот на Хиберниан, Мет Мејси, ги одбрани пеналот на Глен Мидлтон и одбиениот шут на Крис Кејн.



