Екипата на Металург на домашен терен славеше со Охрид 28-24 и остана во игра за третата позиција која носи излез во Европа. Најдобар стрелец кај Металург беше Калуѓеровиќ со 7 гола, додека Хорват даде 5 гола. Тот и Николов дадоа по 4 гола за Охрид.
Вардар 1961 денес со многу тешкотии во кои се мачеше повеќе од 50 минути да го скрши Бутел славеше со 26-22. Јагуриновски со 7 гола и Чупиќ со 6 беа најпрецизни кај Вардар, додека кај Бутел се истакнаа Мајиќ со 6 погодоци.