
Синоќа, Сан Диего Падрес дојдоа до десеттата победа на последните единаесет средби, откако во потполност ги декласираа Сиетл Маринерс со 16-1.
Уште во првиот ининг, Маринерс поведоа со 0-1, откако четири бази освои Митч Ханигер.
Веднаш потоа, Трент Гришам израмни на 1-1 со хоум-ран, а освен него, на ист начин поентираа уште Фернандо Татис Џуниор и Џејк Кроненворт.
Во меѓувреме, освен нив, останатите поени за составот од Калифорнија со трчање ги постигнаа Џариксон Профар (х2), Ерик Хосмер (х2), Ха-Сеонг Ким, Хорхе Матео (х2), Брајан О’Грејди и Томи Фем.
Во Националната лига, Падрес (28-17) го делат првото место со Сан Франциско Џајантс, додека Маринерс (21-24) се наоѓаат на деветтото место во Американската лига.



