
Откако го доби првиот дуел со 1-4, екипата на Винипег Џетс направи уште еден ,,брејк” и поведе со вкупни 0-2 над Едмонтон Оилерс.
Имено, во вториот меч од меѓусебната осмина-финална серија, Џетс ги добија Оилерс со минимални 0-1 после продолжение.
Во текот на мечот и двата ривали упатија бројни шутеви кон противничкиот гол.
Голманот на Џетс, Конор Хелебајк, успеа да ги одбрани сите 38 удари на Едмонтон и на тој начин да дојде до третиот плејоф шут-аут во кариерата.
На спротивната страна, одличен беше и Мајк Смит, кој не го одбрани само последниот од вкупните 36 противнички шутеви.
Стрелец на единствениот погодок на овој натпревар беше Пол Стастни, кој ја затресе противничката мрежа после четири минути од продолжението.



