
Најголемите ривали во НХЛ, а воедно и најтрофејните две екипи, Торонто Мејпл Лифс и Монтреал Канадиенс, се соочуваат во овосезонското осмина-финале.
Имено, синоќа, двата канадски клубови го одиграа својот прв овосезонски плејоф натпревар и на него, Монтреал триумфираше со 1-2.
Во секоја третина падна по еден погодок, а гостите поведоа во тринаесеттата минута преку Џош Андерсон.
Во вториот дел, Вилијам Ниландер израмни на 1-1 за Торонто, додека, на седум минути пред крајот, победата на Канадиенс им ја донесе Пол Бајрон во момент кога неговата екипа имаше играч помалку.
Одличен на голот на победничкиот состав беше Кери Прајс со 35/36 одбранети противнички шутеви (97,22%).



