
Актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, изборија пласман во плејофот, откако во плеј-инот ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 103-100.
Вориорс водеа во текот на првите три четвртини, додека во ппследниот квартал, предноста се менуваше и на двете страни.
Најзаслужен за триумфот на Лејкерс беше ЛеБрон Џејмс, кој освен што уфрли трипл-дабл (22 поени, 11 скокови и 10 асистенции), ја погоди и клучната тројка на 58,2 секунди пред крајот.
Од составот на ,,Езерџиите”, единствен попрецизен кошаркар од Џејмс беше само Ентони Дејвис со 25 поени и со 12 скокови.
Кај Вориорс, а воедно и на цел меч, најефикасен со 37 кошеви беше Стеф Кари.
И покрај поразот, Голден Стејт ќе има уште една шанса за влез во плејофот, каде што ќе мора да слави над Мемфис Гризлис.



