
Синоќа, во рамките на осмина-финалето на НХЛ, вториот натпревар од меѓусебната серија го одиграа Вегас Голден Најтс и Минесота Вајлд.
Првиот дуел заврши со 0-1 во корист на Минесота, која славеше после продолжение, а синоќа Вегас го израмни вкупниот резултат со победата од 3-1.
Имено, во тринаесеттата минута од втората третина, Вајлд поведоа преку Метју Дамба, а само осумнаесет секунди подоцна, на 1-1 изедначи Џонатан Маршесолт.
До крајот, победата на Голден Најтс им ја донесе Алекс Так, кој двапати ја затресе мрежата на Камерон Талбот.
Важен во триумфот на домаќините беше и голманот Марк-Андре Флери, кој одбрани 34/35 противнички шутеви (97,14%).



