Панче Касапски ја објави новата песна „Наивно“. Музиката и аранжманот се на самиот Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков, а во него се појавува една од нашите најпознати манекенки Вера Хаган.



