Победничка на најпрестижниот избор за убавина во светот Мис Универзум кој се одржа по шеесет и деветти пат во Холивуд, Флорида, во хотелот и казиното „Семиноле Хард Рок“ е Андреа Меза од Мексико.
Андреа е член на глобална организација за собирање средства во Индија, Индонезија и Кина. Сака екстремни спортови и е туристички амбасадор на градот Чивава, од каде и потекнува. За прва придружинчка беше избрана Мис на Бразил Џулиа Гама, која ќе ги преземе должностите во случај победничката да не може да ги исполни обврските, а за втора придружничка беше одбрана Мис Перу Јаник Мацета.