
Полуфиналистите од минатата година, Атланта Брејвс, синоќа го доживеаја и шестиот овосезонски последователен пораз од Торонто Блу Џејс, откако загубија со 4-8.
Имено, Брејвс, после седмиот ининг, имаа предност од 4-3, но им дозволија серија од 5-0 на противниците во последните два периоди што беше клучно за третиот пораз во низа.
Сите поени на домашниот состав паднаа во првиот и во шестиот ининг со тоа што топката на трибините ја однесоа Роналд Акуња и Дансби Свансон, а со трчање поентираа Фреди Фримен и Марсел Озуна.
За Акуња, кој ,,распука” уште со првото противничко мавање, ова беше вкупно дванаесетти хоум-ран во сезоната што го прави најефикасен играч во МЛБ.
Од редовите на Торонто, во листата на поентерите се запишаа Каван Биџо, Рис МекГваер, Бо Бишет (х2), Теоскар Хернандез (х2), Дени Џансен и Маркус Семиен, кои освоија по четири бази.
Веднаш по натпреварот, Торонто (20-16) се искачи на петтото место во Американската лига, додека Атланта (17-20) се наоѓаше на десеттата позиција во Националната лига.



