
Синоќа, во ,,Велс Фарго Центар”, Филаделфија 76ерс ги совлада Детроит Пистонс со 118-104 и на тој начин ја запиша осмата победа во низа.
Домаќините поведоа на почетокот со серијата од 11-2, а до крајот само ја одржуваа предноста, која достигна и до максимални +24.
Со 29 поени, најефикасен на мечот беше Џоел Ембиид (Филаделфија), а од неговите соиграчи, Тајрис Макси уфрли 22 кошеви, заедно со Двајт Хауард, кој постигна дабл-дабл од 19 поени и од 16 скокови.
Кај Детроит, најпрецизни со по 14 кошеви беа Садик Беј и Џерами Грант.
Двете екипи имаат потполно различна сезона, а тоа може да се види и од табелата, каде што Филаделфија (47-21) ја зазема првата, а Детроит (20-48) – последната позиција на Истокот.



