
Пред неполна недела, Милвоки Бруерс го заземаа првото место во Националната лига со учинок од 17-10.
Сепак, оттогаш наваму, ,,Пиварите” ги загубија сите пет одиграни средби, од кои четири беа против Филаделфија Филис.
Имено, Филис трипати ги добија Бруерс со по еден поен разлика, а синоќа успеаја да ги поразат со 2-0.
Поените за победничкиот состав паднаа во седмиот и во осмиот ининг, а нивни ,,автори” беа Алек Бом (хоум-ран) и Ендру МекКачен (освоени четири бази).
Кај Бруерс, единствен истакнат поединец беше фрлачот Брендон Вудраф, кој забележа единаесет страјк-аути за 6.2 ининзи.
На спротивната страна, во сите девет периоди фрлаше Зек Вилер, кој го заврши мечот со осум страјк-аути.
Непосредно по натпреварот, двете екипи имаа учинок од 17-15 и ги заземаа четвртата и шестата позиција во Националната лига.



